НЕГОВИТЕ МАНДАТИ БЕА ПОЛНИ СО ПРЕДИЗВИЦИ Силјановска Давкова се сретна со поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов во Валандово
Имавме можност да поразговаравме за многу теми и да споделиме искуства за кампањите, како и двата негови мандати кои беа исполнети со многу предизвици. Размената на искуства и мислења се значајни за периодот кој ни претстои, напиша Силјановска-Давкова.
Кандидатката за претседател Гордана Силјановска-Давкова, се сретна со поранешниот шеф на државата Ѓорге Иванов.
„Во пријатна атмосфера, денес, во неговиот роден град Валандово, се сретнав со мојот драг колега, Ѓорге Иванов“, стои во објавата на Инстаграм профилот на Силјановска Давкова.
„Имавме можност да поразговаравме за многу теми и да споделиме искуства за кампањите, како и двата негови мандати кои беа исполнети со многу предизвици. Размената на искуства и мислења се значајни за периодот кој ни претстои“, напиша Силјановска-Давкова.
View this post on Instagram