„ДОБИВ ИНФОРМАЦИИ ДЕКА НОЌВА ЌЕ БИДАМ НАПАДНАТ“ Општа тепачка во затворот во Штип, повреден е полицаец

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев при денешната посета на ОВР-Свети Николе потврди дека „имало случај во Затвор-Штип“.

1,575

Во СВР Штип синоќа во 23.57 часот Ш.Н. од скопско Батинци, пријавил дека му се јавил неговиот син З.Н.. кој издржувал казна затвор во Казнено-поправната установа Затвор Штип и му рекол дека има информации дека во текот на ноќта ќе биде нападнат.

Исто така, околу 00.00 часот во СВР Штип, од Казнено – поправната установа Затвор Штип било пријавено дека во затворот бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две групи затвореници и дека имаат сознанија дека кон затворот во Штип патуваат повеќе лица за да и помогнат на едната група.






„По преземени мерки, полициски службеници од СВР Штип пред затворот затекнале 30 лица со 10 возила и при преглед на лицата и возилата, во едно возило биле пронајдени и одземени дрвен и остар предмет. За време физичката пресметка во установата, со повреди се здобил еден вработен и бил пренесен во Клиничка болница Штип за укажување на помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштија денеска од МВР.

Поврзани содржини