ПО ИЗБОРИТЕ ДУИ ЌЕ БИДЕ ОПОЗИЦИЈА Да ги тргнеме корумпираните од власта, порача Таравари
Претседателскиот кандидат на коалицијата Вреди го оцени извештајот на Фридом хаус како „ вознемирувачки“.
„По изборите многу бргу ќе се изнајдат решенија за сите прашања, бидејќи ДУИ ќе биде опозиција. До нова година верувам дека ќе се изнајде решение за Еевропската Унија. Али Ахмети и самиот гледа што му се случува, со оглед на тоа дека ќе коалицира со повеќе други етнички партии, тоа покажува дека не може да се повика не легитимитетот на Албанците. Да ги почекаме бројките, но сигурен сум дека на 8 мај ќе бидеме победници на овие избори“.
Ова го изјави претседателскиот кандидат на коалицијата Вреди, Арбен Таравари, во „Само интервју“ на Канал 5.
Тој во четвртокот пиопладне, во изјава за други медиуми, нагласи дека очекува да помине во вториот круг од претседателските избори.
– Ние реално се надеваме дека би поминале во вториот круг на претседателските избори. Меѓутоа, сепак суверенот е тој кој што одлучува на 24 април. Ние ќе дадеме се од нас кампањата да биде позитивна и да придобиеме што поголема поддршка од граѓаните – рече Таравари.
Таравари присуствуваше на настанот „Заеднички го славиме Бајрам“ организиран од коалицијата.
Претседателскиот кандидат на коалицијата Вреди го оцени извештајот на Фридом хаус како „ вознемирувачки“.
– Вината за ова не е само техничката влада, туку овластувањата од повеќе од 20 години. Системот на корупција, заедно со неговите гласноговорници, кои се кандидираат за претседател, мора да се отстрани. Да ја тргнеме корупцијата од власта, да ја отвориме вратата на новата генерација – рече Таравари.