НАВРЕМЕНА И КВАЛИТЕТНА ТЕРАПИЈА ДОСТАПНА СЕКОМУ Венко Филипче се сретна со лицата со дијабетес
Како и додека бев министер за здравство, и како пратеник во иднина ќе се залагам терапијата за дијабетичарите да биде навремена и секому достапна, дури и за време на најголемата здравствена криза во поновата историја - истакна Венко Филипче на средбата со граѓните во Радовиш.
Венко Филипче, носителот на листа на кандидати за пратеници од СДСМ и Kоалицијата за европска иднина во Изборна единица 4, во Радовиш оствари средби и со лица со дијабетес со коишто разговараше за мерките предвидени во новата „Програма за европска иднина”.
– Како и додека бев министер за здравство, и како пратеник во иднина ќе се залагам терапијата за дијабетичарите да биде навремена и секому достапна, дури и за време на најголемата здравствена криза во поновата историја – истакна Венко Филипче на средбата со граѓните во Радовиш.
Филипче потсети дека во времето додека тој беше министер беа направени клучни промени во терапијата за лицата со дијабетес: укинување на паралелниот увоз на инсулин, набавка на три нови типови на инсулин, нов дијагностички центар за дијабетес на Клиниката за ендокринологија.
– Ќе продолжам да се залагам за најсовремена терапија и дијабетичарите никогаш да не останат без терапија и без ленти, игли, гликемери. Ќе се залагам за повторно организирање на јавни едукации и трибини во насока на подигнување на свеста за лицата со дијабетес – рече Филипче.
Ваквата непосредна комуникација со различните групи ќе продолжам да ја негувам и во иднина, најави Филипче и додаде дека благодарение на соработката со граѓанските организации и здруженијата на дијабетичарите, развил партнерски однос со нив за подобрување на условите и квалитетот на животот на лицата и децата со дијабетес.