🎥 ШТО МУ Е НА СТЕВО? Таче не го поздрави, химната не ја пееше… да не е лут?

Се поставува прашањето дали партискиот лидер и актуелниот шеф на државата не се баш во најдобри односи? Причина плус за да се посомнева човек во такво нешто е и одлуката на Ковачевски да не присуствува на првиот митинг на Пендаровски во Прилеп минатата недела, кога, наместо да одржи говор заедно со претседателскиот кандидат, тој одлучи да присуствува на ифтарска вечера во Сарај.

8,023

На социјалните мрежи се споделуваат видеа од вчерашните митинзи на СДСМ и на претседателскиот кандидат од редовите на оваа партија Стево Пендаровски, а на кои се забележуваат необични потези на кандидатот за шеф на државата, но и на лидерот на партијата Димитар Ковачевски.

На првото видео, пристигнува Пендаровски на митингот и почнува да се поздравува со присутните. Се поздравува со Бојан Маричиќ, со Моника Зајкова, со Стефан Богоев, а го прескокнува лидерот Димитар Ковачевски кој стоеше веднаш до Маричиќ.






Оттука се поставува прашањето дали партискиот лидер и актуелниот шеф на државата не се баш во најдобри односи? Причина плус за да се посомнева човек во такво нешто е и одлуката на Ковачевски да не присуствува на првиот митинг на Пендаровски во Прилеп минатата недела, кога, наместо да одржи говор заедно со претседателскиот кандидат, тој одлучи да присуствува на ифтарска вечера во Сарај.

Второто видео, пак, кое масовно се споделува на социјалните мрежи, прикажува како кандидатот за претседател од редовите на СДСМ, Стево Пендаровски, не ја пее македонската химна пред почетокот на вчерашниот митинг.

Ковачевски е видно расположен и си потпевнува, но на Пендаровски уста не му се отвора. Погледнете:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Plusinfo.mk (@plusinfo.mk)

Поврзани содржини
na