📷📽 МИЛИОНИ ЛУЃЕ ВО СЕВЕРНА АМЕРИКА ГО ГЛЕДАА ЗАТЕМНУВАЊЕТО НА СОНЦЕТО На спектакуларната глетка не одолеа ни Џо Бајден

На некои места, Месечината целосно го блокираше Сонцето повеќе од четири минути. Затемнувањето беше видливо по линија која започна во Мексико, а потоа помина низ САД и Канада.

748

Милиони луѓе во Северна Америка чекаа целосно затемнување на Сонцето – и го добија. На некои места, Месечината целосно го блокираше Сонцето повеќе од четири минути. Затемнувањето беше видливо по линија која започна во Мексико, а потоа помина низ САД и Канада.

Вљубениците во затемнувањето се собраа на локации долж „зоната на тоталитетот“, вклучувајќи го и централниот тексашки град Фредериксбург, каде што целосното затемнување се случи кратко по 13:30 часот (20:30 часот по средноевропско време). Неколку часа пред затемнувањето, луѓето беа подготвени на своите позиции со очила, двогледи и камери.






фото: EPA/CRISTOBAL HERRERA

 

Меѓу градовите во зоната на тоталитетот се: Мазатлан во Мексико, Сан Антонио, Остин и Далас во Тексас, Индијанаполис во Индијана, Кливленд во Охајо,  Ири во Пенсилванија, Нијагарините водопади во Њујорк и Нијагара Фолс во Онтарио, местото на познатиот водопад и Монтреал во Квебек.

фото: EPA-EFE/SARAH YENESEL

 

Експертите ги советуваа набљудувачите на затемнувањето да користат заштитни сончеви очила за да спречат оштетување на очите од гледањето на Сонцето со голо око, па таквите очила се делеле на места каде што се собирале луѓе.

Целосното затемнување започна во Мексико од каде пристигнаа и првите фотографии, а потоа граѓаните на САД и Канада се восхитуваа на истата глетка.

фото: EPA-EFE/Miguel Sierra

 

Делумно затемнување беше видливо во Северна Америка надвор од зоната на тоталитетот.

На спектакуларната глетка не одолеа ни американскиот претседател Џо Бајден.

Бајден со заштитни очила го чекаше затемнувањето во Белата куќа. Неговото видео е прегледано повеќе од 3 милиони пати.

„Затемнувањето е восхитувачко. Но, немојте да бидете смешни, луѓе – играјте на сигурно и носете ги вашите очила“ – напиша американскиот претседател на Твитер.

Поврзани содржини