ВИЛИЈАМ И КЕЈТ НЕ САКААТ ДА БИДАТ КРАЛ И КРАЛИЦА? Болеста на кралот Чарлс носи страв и неизвесност во кралското семејство
Веста дека кралот Чарлс има рак ги донесе Вилијам и Кетрин застрашувачки блиску до искачувањето на тронот. Изгледите за тоа им предизвика силна вознемиреност - вели поранешната уредничка на „Венити фер“, Тина Браун
Принцот Вилијам е прв во редот за наследување на британската круна. Кога еден ден ќе стане крал на Обединетото Кралство и Комонвелтот, се очекува неговата сопруга Кејт Мидлтон да ја преземе титулата кралица. Ги очекуваат исклучително важни функции и колку и да се подготвуваат за тоа од 2011 година, односно од нивната венчавка во Лондон, преку бројни службени обврски, доаѓањето на тронот во иднина ќе биде исклучително голем предизвик. Познат експерт открива како се чувствуваат принцезата и принцот од Велс за огромната одговорност со која се очекува да се соочат, особено сега кога болеста на кралот Чарлс може да донесе смена на британскиот трон и порано од очекуваното.
– Веста дека кралот Чарлс има рак ги донесе Вилијам и Кетрин застрашувачки блиску до искачувањето на тронот. Изгледите за тоа им предизвика силна вознемиреност – вели поранешната уредничка на „Венити фер“, Тина Браун, која неодамна ги изнесе своите ставови за принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, објави Индипендент.
Во британската монархија, наследувањето на круната е историски, но исто така исклучително тажен ден за идниот монарх, имајќи предвид дека абдикацијата е многу ретка во оваа монархија.
Здравствените проблеми на кралот Чарлс III повторно го покренаа прашањето за абдикација во Велика Британија, без некакво прејудицирање, но како разгледување на ситуацијата и од тој агол. Од друга страна, и Кејт Мидлтон се бори со ракот, доби голема поддршка од различни делови на планетата и сите се надеваат на најдобар можен исход.
Се очекува принцезата од Велс да се појави на одредени јавни настани, кога ќе и дозволи здравјето, но се нагласува дека тоа нема да претставува нејзино враќање на работа.
– Меѓутоа, некои веруваат дека ако Чарлс и Кејт бидат трајно маргинализиранк, принудени на многу намалени улоги на долг рок поради тековните здравствени проблеми, регенсгтвото на принцот Вилијам би изгледало крајно очајно. Нема збор за тоа дека одлуките може да носи некој друг освен кралот – вели Том Сајкс, дописник од кралскиот двор за Дејли Бист.
Неговите изјави се совпаѓаат со прогнозите дека кралот Чарлс ќе продолжи со своите должности во соодветна мера, па дури се најавува дека во октомври ќе отпатува за Австралија со кралицата Камила.
Поради ситуацијата на британскиот кралски двор, принцот Вилијам, кралицата, принцезата Ана и војвотката и војводата од Единбург вршат најголем дел од работата. Намалената монархија не се гледа како добро решение во иднина, па затоа се предлагаат подобри решенија.
Кејт Мидлтон на 16 јануари беше оперирана во Лондон, а во болница беше до 29 јануари и со месеци не ги извршува службените обврски. Пред 20 дена принцезата од Велс објави дека има рак.
На Чарлс Трети му беше дијагностициран рак по операцијата на простатата што му беше извршена во јануари во Лондон.