ТРГНЕТЕ КОН ПАРК БЕЗ АВТОМОБИЛ Од Илинденска стартува „Авицена женска трка“

314

Во организација на Сојузот на спортови на Скопје и под покровителство на Град Скопје, денеска претпладне во главниот град ќе се одржи 12. издание на „Авицена женска трка“.

Стартот на трката е во 10 часот од булеварот Илинден, во близина на фонтаната „Лотос“, а учесничките ќе трчаат три километри. Пред почетокот, во 9:40 часот, предвидено е загревање со аеробик вежби.






Поради одржување на трката, од 9 до 11 часот  ќе има посебен сообраќаен режим на булеварот Илинден.

„И оваа година има голем број пријавени за трката. На сите учеснички им посакуваме среќа“, соопштија организаторите на „Авицена женска трка“.

Поврзани содржини