ЌЕ БАРА ГАРАНЦИИ ОД ЕУ ЗА УСТАВНИ ИЗМЕНИ Таравари ја промовираше платформата за претседател

332

Претседателскиот кандидат на албанската коалиција „Вреди“, Арбен Таравари, на презентацијата на неговата изборна програма денеска најави дека ќе бара гаранции од високиот претставник за надворешна политика на ЕУ дека, по уставните измени, нема да има нови барања за Македонија надвор од Преговарачката рамка за започнување преговори.

Таравари рече дека неговата изборна програма почива на четири главни столба: Македонија интегрирана во регионот и во Европа, Македонија произведувач на безбедност, Македонија како правна држава и  Македонија како консензуална демократија.






– Интеграцијата во Европската Унија е наша неоспорна цел, тоа е нашиот единствен пат кон стабилност и одржлив развој и тоа е мојот највисок приоритет како претседателот. Во регионалната политика ќе се заложам за зголемување и продлабочување на регионалната соработка заснована на нашите вредности, меѓу кои е и Косово како независна, суверена и рамноправна држава. Моите главни цели во оваа област се: ќе барам гаранции од високиот претставник на ЕУ дека по уставните измени нема да има дополнителни барања за Македонија надвор од преговарачката рамка од 2022 година, мандатот за формирање на влада ќе му го доверам на партијата или партиите кои ќе докажат дека имаат мнозинство во Собранието, барајќи од мандатарот временски ограничен план за реализација на уставните измени врз основа на член 121 од Уставот, ќе му предложам на Собранието веднаш Македонија да излезе од иницијативата Отворен Балкан –  рече Таравари, додавајќи дека како претседател ќе се заложи и за целосно усогласување на нашата политика со онаа на ЕУ, особено во однос на санкциите на ЕУ против Русија.

За вториот столб, Македонија која произведува безбедност, Таравари рече дека ЕУ, САД и НАТО се незаменливи сојузници, па затоа Македонија е подготвена да игра улога во одржувањето на мирот и безбедноста во светот заедно со сојузниците.

Тој најави дека како претседател ветува дека ќе побара од Собранието донесување на законодавен пакет за целосна реформа на судксиот систем и обвинителството. Овој пакет треба да го содржи законот за ветинг на судиите и обвинителите, реформа на изборниот систем, унапредување и дисциплинирање на судиите и јавните обвинители и целосна дигитализација на судовите, и ќе ја тера напред идејата за формирање Комисија за стандарди во јавниот живот, врз основа на искуството на Обединетото Кралство.

Во однос на четвртиот столб, Таравари нагласи дека земјата има економска, политичка и етичка криза и овие кризи го поларизираа општеството, влијаејќи врз продлабочувањето на поделбите, растот на евроскептицизмот, зајакнувањето на екстремистичките наративи и поткопувањето на либералната и консензуалната демократија.

– Со следните измени на Уставот ќе побарам изборот на претседател да се направи во Владата преку механизмот за двојно мнозинство, за да претседателот биде претставник на народното единство. Доколку ниту еден кандидат не добие ⅔ од гласовите со Бадентер во првите два изборни круга, претседателот ќе биде избран на третото гласање со мнозинство од гласовите на сите пратеници на Собранието и мнозинството од гласовите на пратениците кои се припадници на заедниците кои не се мнозинство, ќе се погрижам од Уставот да се елиминира навредувачката дефиниција за албанскиот како „друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните“ и да албанскиот јазик, според неговото писмо, да биде официјален јазик во целата територија на Републиката на исто ниво со македонскиот јазик, во соработка со граѓанските организации и медиумите, ќе покренам претседателска иницијатива за борба за слобода на медиумите, а особено проруските дезинформации. Руските медиуми и оние кои се финансираат од Русија ќе бидат затворени, внимавајќи постојано на почитување на правото на слободно изразување и информирање – рече на кандидатот за претседател Таравари.

Поврзани содржини