ОД ЛИЧНИ ПРИЧИНИ Кралски инсајдер откри зошто Кејт ја објави веста за ракот сама, без Вилијам покрај неа
Кејт Мидлтон сама и откри на јавноста дека боледува од рак, без принцот Вилијам покрај неа. Седејќи на клупа опкружена со зеленило во градината на замокот Виндзор, Кејт е сама додека му кажува на светот дека оди на превентивна хемотерапија.
Кејт Мидлтон сама и откри на јавноста дека боледува од рак, без принцот Вилијам покрај неа. Седејќи на клупа опкружена со зеленило во градината на замокот Виндзор, Кејт е сама додека му кажува на светот дека оди на превентивна хемотерапија, пишува „Индепендент“.
На многу обожаватели на кралското семејство им беше чудно, бидејќи очекуваа принцот да биде покрај својата сопруга, но кралските инсајдери открија зошто Кејт сакала сама шокантните вести да и ги соопшти на јавноста.
– Тоа е порака од принцезата за нејзиното здравје, а таа самата сакаше лично да ја пренесе пораката – изјавил извор од палатата за „Пипл“. Инсајдерот вели дека принцезата Кејт јасно ставила до знаење дека нејзиниот сопруг „цело време ја поддржувал“.
– Вилијам е исклучително горд на својата сопруга поради храброста и силата што ги покажа не само оваа недела, туку и по операцијата во јануари. Сега повеќе од кога било, тој е фокусиран на тоа неговата сопруга да ја има приватноста што и е потребна за целосно да се опорави и неговите деца да се заштитени од интересот за вестите што се споделуваат – рекол изворот.
Кејт во својот говор неколкупати ги спомна принцот Вилијам и нивните деца. Таа сама го напишала тој говор и сметала дека сама треба да и го раскаже на јавноста кога ќе дојде време.
– Потребно беше време таа и принцот да се соберат, и требаше време да се опорави од операцијата и требаше време да им каже на децата. Тоа беше движечката сила – вели извор од палатата.