МАСОВНА ТЕПАЧКА НА ФУДБАЛСКИ НАТПРЕВАР ВО БОГОМИЛА Се степале фудбалерите, па се вклучила и публиката
„За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, наведено е во полицискиот билтен.
Вчера во 11.00 часот на фудбалското игралиште во село Богомила, Општина Чашка, за време на одигрување на фудбалски натпревар помеѓу екипите на ФК Богомила од с.Богомила и ФК Мартолци од с.Горно Врановци, по претходна расправија, настанала физичка пресметка помеѓу играчи од двете екипи и дел од публиката, по што натпреварот бил прекинат, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).
„За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, наведено е во полицискиот билтен.