Струјата полека „се гаси“ во Влада – исто како и фабриката за електрични коли во Тетово
Е сега, што всушност овие луѓе не сакаат да видат, а го гледаат. Артан Груби, Ковачевски, Али Ахмети и уште еден куп бандити 2022 летото, на 45 степена врзани во кравати и одела отидоа во Тетово да ставаат камен темелник на фабрика за електрични возила, за којашто и мали деца од градинка знаеја дека тоа е фантом инвестиција на ДУИ и дека ништо нема да биде, каде што планот беше да опљачкаат 130.000.000 евра државни пари, а сето тоа аминувано од СДСМ и Ковачевски.
Деновиве со кого и да разговарам од познаници или пријатели, којшто бил или е поддржувач на СДСМ, можам да забележам дека таму веќе владее mindset на дистанцирање и делумна амнезија на сè погрешно што се случувало претходно.
Има и еден интересен феномен, некако последниов период овие луѓе имаат изгубено фокус на реалните и актуелни политички случувања и сега веќе настапуваат со една теза: „Абе види, знаеш дека одамна не ме интересира политика, не следам, разочаран сум, мене не ми е важно кој ќе е на власт, важно ми е да е људина и да ја оправи државава.“ – цитиран разговор од познаник кој минимум последните 3 изборни циклуси гласаше за коалицијата СДСМ и ДУИ.
Е сега, што всушност овие луѓе не сакаат да видат, а го гледаат. Артан Груби, Ковачевски, Али Ахмети и уште еден куп бандити 2022 летото, на 45 степена врзани во кравати и одела отидоа во Тетово да ставаат камен темелник на фабрика за електрични возила, за којашто и мали деца од градинка знаеја дека тоа е фантом инвестиција на ДУИ и дека ништо нема да биде, каде што планот беше да опљачкаат 130.000.000 евра државни пари, а сето тоа аминувано од СДСМ и Ковачевски.
На крај, после година и пол дојдовме до нашите претпоставки, а тоа е дека ништо нема да биде од тоа. И не бидна. Најавени 900 вработувања, најавена инвестиција од стотици милиони евра, најавени евтини електрични коли за домашен пазар, а резултатот сосема различен – откако најавија препородување на полошкиот регион, од тогаш навака за неколку години се отселија над 50.000 народ само од таму. Резултати за полошкиот регион евидентни, наместо 900 нови вработувања, за истиот период додека се ДУИ и СДСМ на власт има 50.000 иселени. Главно млади.
Прво, да се знае и да потсетиме пак, за да возат нови возила и да се произведуваат во Македонија, најпрво и најосновно треба да има тие возила кај да возат. Треба да има патишта. Не знам кој очекуваше дека СДСМ и ДУИ ќе донесат нова фабрика за возила, а кутрите тие немаат 1 километар асвалт ставено. Не можат Кичево – Охрид да го завршат 10 години, не можат да мрднат од мртва точка со Коридорот 8, а платија стотина милиона веќе, не можат до Блаце 3 км да направат, не можат Катланово да го реконструираат цели 3 години неколку километри и некој очекуваше дека ќе имало нова фабрика за возила. Нормално дека нема да има, затоа што и тоа им беше план како и сè останато, да украдат. И ништо повеќе. Ги заболе „душата“ нив и за Тетово и за народот и за нови 900 вработувања и за автопатишта и коридори и за сè. Нив ги боли само за парите што ги пљачкаат и тоа е јасно. Да биде уште појасно, за ова треба да има одговорност. Треба да има имиња и презимиња што носат одговорност. И ќе има.
Но, поважно е додека на секое поле тонеме, во Влада нарачаа нови коли за сите функционери во вредност од над 1.6 милиона евра, затоа што овие коли што ги возат сега и се од пред 2-3 години, стари им биле. Замислете, не знаеле они да се возат во 2-3 години стари коли.
Од друга страна, додека пропаѓаат таканаречениве инвестиции осудени на пропаст на СДСМ и ДУИ, пред неколку дена на автопат МВР запленува дури 2 тони шверцувана роба, нецаринета роба и тоа ни помалку ни повеќе неколку илјади парчиња најнови модели iPhone и Samsung, коишто имаат вредност можеби и до 5 милиони евра според медиумите.
Насекаде се зборува дека зад овој шверц стојат високи функционери на ДУИ, кои им наредиле на СДСМ да ги пропуштат, а тоа добро сите би го наплатиле, но за тоа да оставиме истражните органи да си ја завршат работата. Очигледно некој мисли дека во матно ќе лови и во избори ќе шверцува и ќе печали лесно црни пари, ама заборавил дека во МВР сега има и одговорни луѓе што го водат. Уште поинтересно за овој случај е што беа во паника цела Влада и молчеа како да го заташкаат случајот. Сепак, има тука одговорни луѓе што го водат МВР и кои транспарентно и искрено работат и ќе работат.
Пак ќе кажам. Доаѓа време на одговорност и доаѓа време каде што треба да се зборува за проблемите во државата. Доаѓа време кога треба да се ремонтира државата, доаѓа време кога ние како ВМРО-ДПМНЕ ќе ја вратиме во нормала.
И за крај, да завршам со еден муабет од познајникот погоре што го споменав. Вели: „Абе знаеш, нашиве од горе (СДСМ) викаат дека ВМРО ќе победи ама ние ќе направиме Влада, не знам што да речам.“ Нема вие што да речете, јас ќе ви кажам сега и запамтете го ова до избори.
Прво ќе изгубите многу на малце или што се вика народски со дупло разлика.
Второ, ВМРО-ДПМНЕ има феноменален коалициски потенцијал и тоа е јасно уште од локалните избори, па наваму. Од тогаш само расте.
И трето, да не ве лажат дека Влада ќе направи СДСМ, нема да направи, затоа што ниту во пракса, ниту пак теоретски е возможно партија со околу 30 или под 30 пратеници што ќе има од вкупно 120 да направи Влада. Ниту пак некој сака СДСМ да направи Влада. Тоа може да си се лажете по штабовите за да кревате партиски морал, ама народот веќе знае сè.