ОСМИ МАРТ ГО НАПОЛНИ ОХРИД СО ГОСТИ Градот ќе биде полн и викендов
Гостите го искористија убавото сончево време за прошетки низ Стариот дел на градот, на Кејот на Охридското Езеро и кафе и пијалок на преполнетите тераси на охридските кафулиња.
Празничниот викенд го исполни Охрид со гости, пред се припаднички на понежниот пол кои допатуваа за тука да го минат 8 Март – Меѓународниот ден на жената.
Десетици автобуси со туристи, претежно гостинки од државите од соседството, пристигнаа во градот, низ чии улици денеска е раздвижено како во деновите на летната туристичка сезона.
Гостите го искористија убавото сончево време за прошетки низ Стариот дел на градот, на Кејот на Охридското Езеро и кафе и пијалок на преполнетите тераси на охридските кафулиња.
Посебна атракција и изненадување за нив претставуваше гестот на Михајло Филев, од семејството Филеви кое ја негува традицијата на изработка на оригинален охридски бисер.
Педесеттина хрватски туристки на плоштадот пред Долна порта Филев ги запозна со процесот и начинот на изработка на охридскиот бисер, подарувајќи им бисер за спомен на нивната посета на Охрид.