ПОСЕТАТА НА МИЦОТАКИС НА ОДЕСА СЕ ПРЕТВОРИ ВО ТРИЛЕР Руски проектил експлодира на 200 метри од грчката делегација
Одеднаш се слушна продорна сирена, силен звук, а потоа чад, раскажува член на грчката делегација. Грците набрзина влегле во службените автомобили, и движејќи се со огромна брзина низ улиците на Одеса, стигнале до местото каде била договорена прес конференцијата.
Посетата на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис на Украина во средата се претвори во холивудски трилер, откако руски проектил експлодира на помалку од 200 метри од присатаништето во Одеса каде што во тој момент стоеја Мицотакис и украинскиот претседател Володимир Зеленски, пишува грчки „Катимерини“.
Според проценките, нападот бил насочен кон Зеленски, но Москва веројатно била свесна и за присуството на грчкиот премиер таму. Москва го потврди нападот, но тврди дека цел бил магацин во кој се произведуваат поморски дронови за украинските вооружени сили.
Нападот се случил во 11.45 часот кога грчката делегација, предводена од Мицотакис, и украинските домаќини биле на обиколка на историското пристаниште Одеса.
– Одеднаш се слушна продорна сирена, силен звук, а потоа чад – изјави член на грчката делегација за „Катимерини“.
Според ионформации до кои дошол весникот, рутата на движење на грчката делегација била изменета непосредно пред тргнувањето од безбедносни причини.
Истиот извор рекол дека турнејата завршувала кога се случил нападот, при што Украинците и Грците се упатиле кон своите автомобили за да одат на местото на заедничката прес-конференција. Грчката делегација наводно влегла во автомобилот, движејќи се со огромна брзина низ улиците на Одеса.
По заедничките изјави на Мицотакис и Зеленски, грчката делегација ја напуштила украинската територија и се упатила на тричасовно патување кон Кишињев, аеродромот во Молдавија, од каде пристигнала во Букурешт во средата доцна попладне.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и шефот на Европскиот совет Шарл Мишел го осудија нападот во пораки. Во меѓувреме, Мицотакис рече дека Грција ќе продолжи да ја поддржува Украина додека се бори за нејзината слобода.
😡😡😡Attempt on the life of the president. The enemy struck with ballistics 150 meters from the location where Volodymyr Zelensky met with the Prime Minister of Greece Kyriakos Mitsotakis in Odesa, ProtoThema newspaper reported, citing anonymous sources in the government.
The… pic.twitter.com/9HizSCq8e9
— Jürgen Nauditt 🇩🇪🇺🇦 (@jurgen_nauditt) March 6, 2024
КАДЕ СЕ МИЦОТАКИС И ЗЕЛЕНСКИ? Грчкиот премиер треба да пристигне во Одеса, но Русите ракетирале