КАДЕ СЕ МИЦОТАКИС И ЗЕЛЕНСКИ? Грчкиот премиер треба да пристигне во Одеса, но Русите ракетирале

Според прелиминарните податоци, Одеса била погодена или со проектил Искандер или Оникс, како што пренесуваат локалните медиуми. Уште се чека на официјална потврда.

625

Премиерот на Грција Киријакос Мицотакис пристигна во ненајавена посета на градот Одеса во Украина за да се сретне со украинскиот претседателот Зеленски, пренесе КиевПост. Забележано е дека грчкиот премиер пристигнал во Украина на неколку часа.

Грчки Катимерини утринава објави дека Мицотакис треба да ја посети Одеса.






Во исто време, во регионот на Одеса беше објавен воздушен аларм. Причината беше полетување на авион над морето. Според прелиминарните податоци, Одеса била погодена или со проектил Искандер или Оникс, како што пренесуваат локалните медиуми. Уште се чека на официјална потврда.

На едно од видеата објавени на социјалните мрежи се гледа поворка од неколку лимузини и минибуси, наведува италијанската агенција Анса.

Според истите извори, експлозијата се случила во близина на градското пристаниште и ѝ претходела тревога за воздушен напад. Грчките медиуми јавуваат дека Мицотакис денеска ќе ја посети Одеса на средба со Зеленски.

Оваа информација не е потврдена, но ниту демантирана од грчката влада, наведува Катимерини.

 

 

 

Поврзани содржини