ЈА КАСНАЛО КУЧЕ-СКИТНИК, ПА БЕГАЈЌИ ПАДНАЛА Тешко повредена жена од Тетово

Бегајќи од кучето, таа паднала и се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Тетово.

106

Педесет и едногодишната Н.Љ. од Тетово, вчеравечер во 21 часот и 5 минути во СВР Тетово пријавила дека на улица Јордан Златановски во Тетово била касната од куче скитник, извести СВР Тетово.

Притоа, бегајќи, посочува Министерството за внатрешни работи таа паднала и се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Тетово.

Поврзани содржини