ВО ГЕРМАНИЈА СЕ НАМАЛУВА БРОЈОТ НА РАБОТНИ МЕСТА Компаниите најавуваат и отпуштања

Според германскиот Институт за економски истражувања со седиште во Минхен, најголемо намалување на бројот на работни места има во производството, во трговијата и во градежниот сектор.

368

Работодавачите во Германија ги намалија плановите за вработување и во февруари, а можни се и отпуштања во наредните месеци, покажуваат резултатите од истражувањето на Институтот „Ифо“. Индексот на вработеност на „Ифо“ падна во февруари за 0,6 поени во однос на јануари, на 94,9 поени, објави вчера институтот.

– Економијата е толку летаргична што компаниите го одложуваат вработувањето на нови луѓе. Не се исклучени дури ни отпуштања – рече шефот на истражувањето на „Ифо“, Клаус Вохрабе.






Резултатите укажуваат на намалување на работните места во производството, но и во трговијата, според германскиот Институт за економски истражувања со седиште во Минхен. Трговците на мало ги одложуваат планираните вработувања поради намалената потрошувачка на граѓаните, а градежниот сектор е оптоварен од тешката деловна ситуација.

Вредноста на индексот за услужниот сектор и натаму е благо позитивна, но темпото на вработувања е забележително забавено, наведуваат од Институтот. Светла точка е секторот на ИТ услуги и консултанти, кои продолжуваат да вработуваат со несмалено темпо, покажуваат резултатите од истражувањето на геманскиот Институт „Ифо“.

Поврзани содржини