🎥 ВЕРОНАУКАТА ЌЕ ИМ ПОМОГНЕ НА ДЕЦАТА ДА ПОРАСНАТ ВО ЗДРАВИ ЛИЧНОСТИ Отец Марко Манојловиќ во поткастот на Плусинфо

Кој е тој што ќе ги учи децата да не ги почитуваат другите луѓе? Со Веронауката ќе се развие свеста кај дечињата за тоа дека секој човек е важен и самото тоа дете ќе знае дека е важно. Тоа значи дека нема да има комплекси, ќе научи што е тоа милостина, ќе сочувствува со ближните, ќе ги цени луѓето, вели свештеникот Марко Манојловиќ во поткастот на Плусинфо.

1,369

„Доколку верата ја прифатиме на еден здрав начин, тогаш и ќе можеме на еден здрав начин да ја пренесеме на друг човек. Животот е радост. Треба да се радуваме. Доколку сме Христијани, ние треба да се радуваме. Доколку сме Христијани, ние сме среќни луѓе. Секој којшто се воспитува на Веронауката, може да каже: Јас сум секогаш со Господ, тој ме милува и ме пази. Затоа, можеме да бидеме тажни, но не несреќни. Тагата може да помине по некое време, но не смееме да си дозволиме да бидеме несреќни луѓе“.

Вака, отец Марко Манојловиќ, парохиски свештеник од Македонската православна црква (МПЦ-ОА), во поткастот на Плусинфо во едицијата „Бог и рокенрол“ што ја води новинарот Мартин Богатиноски, ја отвори темата за потребата од воведување на предметот Веронаука во училиштата.






– Да се внесе Веронауката како изборен предмет во училиштата е многу добра работа и сигурен сум дека ќе има многу позитивни ефекти. Треба да се има слух од министерствата и од Владата, а и треба да им се презентира уште подлабоко како стојат работите во другите земји. Јас сметам дека негативни ефекти не постојат со воведување Веронаука во образованието – рече, меѓудругото, отец Марко.

Во поглед на критиките од дел од граѓаните кои сметаат дека местото на Веронуаката не во училиштата, потенцирајќи го фактот дека Македонија е секуларна држава, отец Марко вели:

– Кој е тој што ќе ги учи децата да не ги почитуваат другите луѓе? Со Веронауката ќе се развие свеста кај дечињата за тоа дека секој човек е важен и самото тоа дете ќе знае дека е важно. Тоа значи дека нема да има комплекси, ќе научи што е тоа милостина, ќе сочувствува со ближните, ќе ги цени луѓето. Доколку родителите сакаат да оди некое детенце на Веронаука, тоа ќе биде природен тек на работите. Тоа нема да биде ништо неприродно. Некои се плашат дека децата ќе пораснат во националисти. А што има лошо во тоа да се биде националист? Секако, да се биде националист е добро сѐ додека тоа не премине во шовинизам. Детето треба да знае дека неговиот народ не е ништо подобар од некој друг народ, но исто така треба да сфати дека и неговиот народ не е ништо полош од другиот народ. Тука сме сите еднакви – вели свештеникот.

Во продолжение, погледнете ја целата емисија и не заборавајте да се преплатите на нашиот ЈуТјуб канал:

Поврзани содржини