🎥 ПОЧИНА АМЕРИКАНСКИОТ ВОЈНИК ШТО СЕ САМОЗАПАЛИ ВО ВАШИНГТОН Додека горел извикувал „Слободна Палестина“

Припадникот на американските воздухопловни сили Арон Бушнел, се самозапали пред израелската амбасада во Вашингтон во знак на протест поради војната во Појасот Газа.

550

Почина припадникот на американските воздухопловни сили Арон Бушнел, кој се самозапали пред израелската амбасада во Вашингтон, јавуваат светските медиуми.

Како што беше претходно објавено, тој се самозапалил пред израелската амбасада во Вашингтон во знак на протест поради војната во Појасот Газа. Поради повредите тој бил префрлен во болница, каде подоцна починал.






Како што пренесува „Дејли мејл“, тој додека бил под оган извикувал „Слободна Палестина“.

Оваа веб-страница наведува дека тој бил инженер во воздухопловната база во Тексас.

 

Поврзани содржини