АРСОВСКА ЌЕ ГИ ТУЖИ И ТИЕ ШТО СЕ ЗАКАНИЈА СО ШТРАЈК НА ЈСП Не смее градот да се остави без јавен превоз ни на 15. во месецот
Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска ќе поднесе кривични пријави за сите оние кои најавија дека ќе го остават Скопје без јавен превоз на 15 февруари.
– Не може некој да излезе на 15-ти во месецот и да рече дека нема плата и нема да се вози, а врши дејност од јавен интерес. За тоа кривично ќе одговара оној кој најави дека Скопје ќе го остави без јавен превоз – одговори Арсовска на новинарско прашање по денешната прес-конференција на која најави кривични пријави за непочитување на Деталниот урбанистички план во Општина Ѓорче Петров.
Синдикатите во ЈСП минататата недела во четвртокот попладне најавија прекин на јавниот градски превоз за утредента поради неисплатена плата за јануари. Автобусите не возеа од 4.30 до 6.30 часот кога им било јавено од директорот дека ќе им биде исплатена платата.