ПОЖАР ВО МОНТАЖНИ БАРАКИ ВО БАР Четири лица загинаа, од кои тројца малолетници
Пожарот избувнал во раните утрински часови, во населбата под ридот Волујица.
Четири неидентификувани лица загинаа во пожар во Бар, јави црногорски „Вијести“.
Претставници на полицијата за телевизија „Вијести“ потврдиле дека меѓу жртвите има тројца малолетници.
Пожарот избувнал во раните утрински часови, во населбата под ридот Волујица.
– Во четири часот и 35 минути, припадниците на Службата за заштита и спасување ги известиле дежурните во Одделението за обезбедување на Бар дека има пожар во монтажните бараки под Волујица, каде што живее ромско население. Пожарот зафатил неколку објекти. На местото на настанот пристигнала екипа пожарникари од Бар со повеќе возила, а при гаснењето на пожарот биле пронајдени четири неидентификувани тела – рекле претставници на полицијата.
Екипите сè уште се на терен.