🎥 ПО МИТЕРАН, БАЈДЕН ГО ОЖИВЕА И ХЕЛМУТ KОЛ Претседателот на САД ја помеша Ангела Меркел

Тоа беше втор пат оваа недела Бајден да се присети на разговор со европски лидер кој е мртов со години.

422

Претседателот на САД, Џо Бајден, додека прераскажуваше разговор од 2021 година, двапати го спомна покојниот германски канцелар Хелмут Кол наместо поранешната германска канцеларка Ангела Меркел.

Тоа беше втор пат оваа недела Бајден да се присети на разговор со европски лидер кој е мртов со години.






Гафовите на Бајден се случија на настан за собирање средства во Њујорк додека тој ги опишуваше разговорите со европските лидери на состанокот на Г7 во Велика Британија. Средбата се одржала во 2021 година, неколку месеци по немирите во Капитол, пишува Ен-би-си Њуз.

Бајден на два настани рече дека Хелмут Кол, кој почина во 2017 година, го прашал како би реагирал доколку ги прочита вестите за луѓе кои упаднале во британскиот Парламент и убиле офицери „за да го запрат изборот на премиер“. Меркел беше на таа средба во Велика Британија.

Овие изјави не беа првата конфузија на Бајден со имињата на европските лидери.

Во неделата, Бајден го помеша Франсоа Митеран, поранешниот француски претседател кој почина во 1996 година, со францускиот претседател Емануел Макрон.

ИМ НЕМА КРАЈ НА ГАФОВИТЕ НА БАЈДЕН Во последниот говор го помеша Макрон со Митеран

Поврзани содржини