ДРЖАВАТА ГО ИЗБРИША ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Левица ѝ забележува на владата дека не ја одбележува годишнината од неговото раѓање

Партијата забележува дека освен една штура најава за собраниска делегација по повод овој ден, нема никаква најава, за некаква организација од страна на Владата, а нема најава ниту за одржување на меѓународната манифестација „Гоцеви денови".

515

На само еден ден пред одбележувањето на 152 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, нема никаква најава од владата  за чествување на овој настан. За разлика од претходните години, кога се организира свечена манифестација на која се покануваат различни организации и политички партии, оваа година изостанува било каква покана, реагира Левица.

Од партијата велат дека освен една штура најава за собраниска делегација по повод овој ден, нема никаква најава, ниту организација од страна на Владата, а нема најава ниту за одржување на меѓународната манифестација „Гоцеви денови”.






„Ваквото свесно девалвирање и бришење од колективната меморија на ликот и делото на Делчев е еднакво на национално ПРЕДАВСТВО пред бугарските неоврховистички барања! Оваа одродена и анти-македонска гарнитура на СДСМ, која откако го избриша АСНОМ од Уставот, продолжува да го размонтира македонскиот идентитет и националната борба на Македонците за конституирање на сопствена македонска држава3, се наведува во реакцијата.

Од партијата наведуваат и кое е местото на Делчев во македонската историја.

„Делчев е апостолот на македонската национална свест, Делчев е бастионот на македонската државотворност, Делчев е исконскиот порив на секој Македонец за самостојна и независна македонска држава – и затоа, секој напад врз неговиот лик е напад на темелите на македонската Република.Додека живеат идеалите на Делчев , ќе живее и Републиката – и ниту една привремена и предавничка власт не може да го избрише од колективната меморија на македонската нација!“, стои во реакцијата.

Поврзани содржини