СНЕЖНО НЕВРЕМЕ ПОСЛЕ 10 ФЕВРУАРИ?! Метеопрогнозерот Славчо Поповски најавува драматична промена на времето

Можно е дури повторно да се соочиме со екстремно ниски температури, овој пат тие би се задржале подолго. Можно е температурите да паднат и под -20 степени на некои места, додава Попоски.

589

На Балканот му претстои влажен февруари. Што значи нема да недостасува ниту дождот, а ниту снегот. Врнежите ќе бидат над просекот, а особено повеќе врнежи ќе има по 10 февруари, а до тогаш времето ќе биде потопло и посуво, вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

– Не се исклучува можноста делови од Балканот да се соочат и со снежно невреме, како и со значителни врнежи од снег. Врнежите од дожд и снег на Балканот, вклучувајќи ја и Македонија треба да бидат честа појава по 10 февруари. Можно е дури повторно да се соочиме со екстремно ниски температури, овој пат тие би се задржале подолго. Можно е температурите да паднат и под -20 степени на некои места – додава Попоски.






Попоски во своите најнови прогнози вели дека првата седмица од февруари месец во Македонија ќе помине во знакот на стабилно, суво и претежно сончево време, со малку повеќе облачност и со засилен ветер од северен правец во петок. Токму ова стабилно време е поради влијанието на антициклонот „Зевс“.

– Температурите, особено за време на викендот и во почетокот на следната седмица ќе бидат во значителен пораст и ќе бидат натпросечно високи, па така максималните дневни температури на воздухот на повеќе места ќе надминат 10 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели тие ќе достигнат и до пролетни 18 степени – вели метеопрогнозерот.

Тој додава дека во Скопје и околината ќе имаме слично време, со значителен пораст на температурите за време на викендот, како и во почетокот на следната седмица.

Поврзани содржини