СОЦИЈАЛНИТЕ МЕДИУМИ ИМ ЈА РУШАТ САМОДОВЕРБАТА НА ДЕЦАТА Колку подолго се споредуваат, толку понезадоволни стануваат
Тие кои се споредувале со другите на социјалните медиуми (пријателите, врсниците и славните личности) биле помалку задоволни од својот физички изглед. Колку подолго се споредувале, толку биле понезадоволни и посклони кон нарушувања во исхраната. Вежбале повеќе за да надоместат кога мислеле дека изеле повеќе одошто треба.
Неодамнешно истражување на предадолесценти покажало дека малата самодоверба за физичкиот изглед е стабилна по 11-годишната возраст. Ова укажува дека периодот пред 11-годишната возраст е критичен за развојот на сликата за сопственото тело.
Истражувачите од универзитетот „Гент“ во Белгија сакале да укажат на потенцијалниот ризик од малата самодоверба и како предадолесцентите можат да си ја заштитат самодовербата за физичкиот изглед. Ги истражувале ризиците од употребата на социјалните медиуми и можниот заштитен фактор за сигурна и доверлива врска со родителите.
Истражувањето било извршено на 50 момчиња и девојчиња, стари меѓу 10 и 12 години, во период од 14 дена. Децата следеле социјални медиуми на телефоните. Тие кои се споредувале со другите на социјалните медиуми (пријателите, врсниците и славните личности) биле понезадоволни од својот физички изглед. Колку подолго се споредувале, толку биле понезадоволни и посклони кон нарушувања во исхраната. Вежбале повеќе за да надоместат кога мислеле дека изеле повеќе одошто треба.
Откриена е заштитната улога на родителите, но таа се однесувала само на таткото. Децата кои имале полоша врска со татко им почесто се споредувале на социјалните медиуми за разлика од тие кои имале позитивна врска со татко им. Сепак, корелацијата не покажува дали татковците директно влијаеле на нивната самодоверба или, пак, станува збор за други фактори кои им ја влошуваат врската со татковците.
Малата самодоверба за физичкиот изглед е чест проблем кој може да се одрази на многу нивоа. Влијае на менталното здравје и на физичкото здравје, па може да предизвика анксиозност, депресија и разни нарушувања во исхраната. Денес, медиумите преку поп-културата сѐ почесто наметнуваат стандарди кои не се реалистичен приказ на нормалниот физички изглед. Децата создаваат слика за својот изглед која не соодветствува со просекот, а ниту, пак, со етичките вредности кои треба да ги развиваат.
Користењето социјални медиуми за споредба со другите може да биде ризично за самодовербата на предадолсецентите. Тешко се ограничува користењето на социјалните медиуми бидејќи тие помагаат за подобра и побрза комуникација, па важно е да се охрабри следењето коисници кои им ја креваат самодовербата на децата за нешта кои не се поврзани со изгледот, како и да се прекине следењето на тие кои промовираат нереалистични идеали за физичкиот изглед.