ГРЕЈС ЏОНС ДОАЃА ВО СКОПЈЕ Концертот на големата музичка ѕвезда е најавен за 6 јули
Од Авалон продукција најавуваат 90 минутно спектакуларно шоу на Грејс Џонс, која во Скопје доаѓа со нејзиниот многуброен бенд.
Светската музичка ѕвезда Грејс Џонс, една од најреволуционерните и најзначајни музички и уметнички појави на светот на сите времиња на 6 јули ќе одржи концерт во Скопје, на стадионот на АРМ, објави Авалон продукција.
Од Авалон најавуваат 90 минутно спектакуларно шоу на Грејс Џонс, која во Скопје доаѓа со нејзиниот многуброен бенд.
„Грејс Џонс нема конкуренција, затоа што никогаш не личела на никој. Еднаш некој рече ,,не е работата што Грејс Џонс е пред Мадона, лејди Гага, Бијонсе и Ријана работата е што таа се’ уште е сите три во едно” – стои во најавата за големиот музички спектакл.
Сите информации околу влезниците ќе бидат објавени утре, на 30. јануари, на социјални мрежи, најавија од Авалон продукција.
Грејс Џонс, покрај музичката има успешна филмска кариера и кариера на топ-модел. Безвременски се нејзините „Musical mastermind”, „Amazing Grace, „Timeless”, „Art aristocrat”, „True diva”, „Goddess of Rhythm”, „Pop culture icon”, „Fashion Icon” „Vamp Woman”…