📷 ВМРО-ДПМНЕ ПРАШУВА КОЈ Е „ЕВРОПЕЕЦОТ“ ДО ЏАФЕРИ? Спасовски последниот ден се сети на Шеваљ од Грчец

3,362

Интересно е што последниот ден Спасовски се сети дека постои нарко мафија. Таа иста нарко мафија 7 години претходно јадеше од раката на Спасовски, реагираше ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на министерот за внатрешни работи во оставка, Оливер Спасовски.

„Но не кажува и дека првоосомничениот од нарко мафијата која тргувала дрога од Латинска Америка, Шеваљ е другар и пријател на новиот технички премиер Талат Џафери. Како порано на Спасовски не му сметаше нарко кланот од Грчец, па се сликаше со него? За на крај, наградно прашање кој е овој европеец до Талат Џафери“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.






Спасовски попладнево истакна дека до Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција денеска ќе биде поднесена кривична пријава против 16 лица кои се сомничат за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, убиства и обиди за убиства. Сите биле членови на меѓународна организирана криминална група, а ги предводел Ш.М. (46) од село Грчец.

Поврзани содржини