ЌЕРКАТА НА ОБАМА ПРВПАТ ВО ХОЛИВУД, ГО ПРЕТСТАВУВА СВОЈОТ ФИЛМ Еве што велат критичарите

Малија Обама, постарата ќерка на поранешниот претседател Барак Обама и Мишел Обама, првпат се појави на црвениот тепих за да го претстави своето режисерско деби – краткиот филм „Срце“ (The Heart).

316

Малија Обама, постарата ќерка на поранешниот претседател Барак Обама и Мишел Обама, првпат се појави на црвениот тепих за да го претстави своето режисерско деби – краткиот филм „Срце“ (The Heart).

„Филмот е за изгубени предмети и осамени луѓе и простување и тагување, но мислам дека работи и на откривање каде може да има нежност и блискост во тие работи“, сподели таа во видеото на Јутјуб.






„Се надеваме дека ќе уживате во филмот и дека ќе ве натера да се чувствувате помалку осамени или барем да ве потсетува да не ги заборавите луѓето што се“, додаде таа.

Пред премиерата, Доналд Гловер, чија компанија „Гилга“ го продуцираше филмот, ја пофали Малија.

„Се чувствувам како таа да е некој кој наскоро ќе има навистина добри работи. Нејзиниот стил на пишување е одличен“, изјави тој за „Ванити фер“.

Поврзани содржини