📽 РАЧНА БОМБА ЕКСПЛОДИРАШЕ ВО СЕВЕРНА МИТРОВИЦА Две лица се повредени и неколку автомобили се оштетени

Околу 23 часот и 50 минути се случи експлозија во Северна Митровица. Две лица се повредени, ќе видиме зошто дошло до експлозијата, истрагата е во тек, изјави заменик-командант на косовската полиција за северот.

472

Рачна бомба експлодирала нешто пред полноќ на улицата Кнез Милош во Северна Митровица во Косово, пренесува Косово Онлајн. Индидентот се случил во непосредна близина на мотелот „Бишевац“. Ветон Елшани, заменик-командант на косовската полиција за северот потврди дека две лица се повредени, а неколку автомобили оштетени.

„Околу 23 часот и 50 минути се случи експлозија во Северна Митровица. Две лица се повредени, ќе видиме зошто дошло до експлозијата, истрагата е во тек“, изјави Елшани.






Поврзани содржини