ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО ХРВАТСКА Загина брачна двојка, 12 се повредени

255

Три лица загинаа, а 12 се повредени во сообраќајна несреќа што се случила ноќеска во 01:40 часот на автопатот Карловац – Ријека, помеѓу тунелот Свети Марко и клучката Новиград на Добра во Хрватска, соопшти хрватската полиција.

Според првичните информации, во несреќата учествувало СУВ возило „митсубиши“, кое најверојатно превезувало мигранти и „алфа ромео“ во кое биле брачна двојка и дете. Во возилото СУВ со седум седишта биле возачот и 11 патници. Меѓу загинатите се возачот на „митсубишито“ и брачната двојка од „алфата“.






Шестмина од поврдените се згрижени во општата болница во Карловац, три во КБЦ Ријека, две во Болницата во Огулин и еден во КБЦ Загреб, пренесува Индекс.хр.

Поврзани содржини