НЕМА ПОЛИТИКА ВО АПСЕЊЕТО НА ДРИН АХМЕТИ Ковачевски вели дека и со него е постапено исто како и со други граѓани
Дрин Ахмети, кој ја брануваше јавноста со купувањето на трговскиот центар „Соравија“ пред 4 дена беше фатен од полицијата со полн багажник пиротехнички средства.
Нема политичка заднина во апсењето на Дрин Ахмети, внукот на лидерот на ДУИ Али Ахмети кој полицијата го фати со полн багажник пиротехнички средства, вели премиерот Димитар Ковачевски.
-Мојот став е така како што велат институциите. Се работи за регуларна проверка во која било идентификувано лице кое пренесувало пиротехнички средства и целиот случај е предаден на Обвинителството како и за секој друг граѓанин – рече Ковачевски одговарајќи на новинарски прашања по промоција на нова инвестиција во ТИРЗ.
Дрин Ахмети, кој ја брануваше јавноста со купувањето на трговскиот центар „Соравија“ пред 4 дена беше фатен од полицијата со полн багажник пиротехнички средства. Полицијата го приведе, а за настанот беше известен и јавен обвинител.