СТРУМИЧАНКА ПРОНАЈДЕНА МРТВА ВО ДЕЛОВЕН ОБЈЕКТ Нема траги на насилство, се чека обдукциски извештај
Увид извршиле јавен обвинител од ОЈО Струмица и екипа на полицијата.
Во Полициската станица Струмица синоќа e пријавено дека во деловен објект во Струмица e пронајдена почината Л.П.(43) од Струмица.
Според информацијата од обвинителката Виолета Милчовска од ОЈО Струмица, нема сомнежи за насилна смрт и траги на насилство, но заради целосно утврдување на причините за смртта телото на починатата е дадено на обдукција.
Увид извршиле јавен обвинител од ОЈО Струмица и екипа на полицијата.