НЕМА ВЕНЧАВКИ, НЕМА НИ РАЗВОДИ Во Македонија се намалува бројот на склучени бракови, но и на разводи
Според Државниот завод за статистика во Македонија годинава биле склучени вкупно 12.882 бракa, што е за 3,4% помалку од претходната година.
Македонија во изминатата година бележи намален број на склучени бракови, но и на разводи. Според Државниот завод за статистика во Македонија годинава биле склучени вкупно 12.882 бракa, што е за 3,4% помалку од претходната година.
Најмногу бракови, 1.851 или 14,4 %, се склучени во август, а најмалку во ноември, 761 брак или 5,9%.
Најчесто е стапувањето во прв брак со учество од 93,7% за жените и 93,2% за мажите. Во втор брак со учество од 6,3% и трет брак со учество 0,5%, во вкупниот број на склучени бракови, почесто стапуваат мажите.
Најголем број бракови 4.263 или 33,1% кај жените и 4.721 брак или 36,6% кај мажите се случиле во старосната група од 25 до 29 години.
Просечната возраст, пак, при склучување на прв брак е 27,4 години за невестата и 29,9 години за младоженецот.
И бројот на разводи изминатата година бележи намалување од 17,9% во споредба со претходната година и изнесува 1.613 разведени брака.
Најмалку бракови, 38 или 2,4% во текот на годината се разведени во август, а најмногу 195 или 12,1% во март.
Статистиката покажува дека според возраста, најголем број на разводи 298 или 18,5% кај жените и 281 развод или 17,4% кај мажите се случиле во истата старосната група од 30 до 34 години.
Според траење на бракот, најмногу разводи 360 или 22,3% се случиле од пет до девет години по склучување на бракот.