МПЦ-ОА ИЗБРА НОВ ВЛАДИКА Архимандритот Никола од Мариово сега е викарен епископ велички

Синодот упати и апел до сите македонски политички фактори, од позицијата и од опозицијата, како и до добронамерните албански партии, да сторат сѐ што е потребно за да спречат учество на партија од Косово на следните парламентари избори.

636

Архимандритот г. Никола (Трајковски) од манастирот „Свети Никола“ во с. Манастир, Мариово, избран е за викарен архиереј на Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ-ОА, а неговата титула гласи епископ велички.

Ова е наведено во најновото соопштение на МПЦ-ОА по завршувањето на седницата што беше одржана во полн состав и на која беа разгледани повеќе прашања и настани поврзани со актуелниот црковен живот.






„На почетокот од седницата Неговото блаженство архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан, од името на Синодот, им посака добредојде на новоинтронизираните архијереи, со што се заврши процесот на интеграција во рамките на МПЦ – ОА. Светиот Синод, го избра Неговото Високопреподобие архимандритот г. Никола (Трајковски) од манастирот ‘Св. Никола’ во с. Манастир – Мариово, за викарен архијереј на Преспанско-пелагониската епархија со титула Епископ Велички“, наведено е во соопштението од седницата.

Синодот упати и апел до сите македонски политички фактори, од позицијата и од опозицијата, како и до добронамерните албански партии, да сторат сѐ што е потребно за да спречат учество на партија од Косово на следните парламентари избори.

САС на МПЦ на седницата посебно внимание и загриженост посветил и на политичките случувањата и најавата за учество на косовската партија Саоопределување на македонските избори.

Според најавите, партијата Самоопределување на премиерот на Косово, Албин Курти, ќе учествува на претстојните парламентарните избори во Македонија како четврта членка на коалицијата Европски сојуз за промени.

Претставниците на Самоопределување ќе бидат на пратеничките листи, иако е партија која е регистрирана и работи во Косово, додека во Македонија не е регистрирана како политички субјект.

Македонскиот закон не дозволува учество на странски политички субјект на избори.

Поврзани содржини