ЗА МИР Е ПОТРЕБНА ДЕМИЛИТАРИЗАЦИЈА Путин вели дека Русија ќе ги постигне своите цели во Украина
Ќе има мир кога ќе ги постигнеме нашите цели. Тие не се сменија. Денацификација на Украина, демилитаризација на Украина, рече Путин во годишното обраќање кон нацијата, укажувајќи дека Русија бара целосна капитулација на својот сосед.
Рускиот претседател Владимир Путин откри кога може да има примирје во Украина. На прашање на новинарот Павел Зарубин на годишното обраќање кон нацијата Путин изјави:
– Ќе има мир кога ќе ги постигнеме нашите цели. Тие не се сменија. Денацификација на Украина, демилитаризација на Украина.
Путин рече и дека Русија е под закана и дека самото постоење на нашата земја без суверенитет е невозможно… целата земја не може да постои без суверенитет“, укажувајќи дека Русија бара целосна капитулација на Украина, пишува Гардијан.
Путин, исто така, беше запрашан дали ќе има нова рунда на мобилизација во Русија, на што тој вели дека Русија има доволно оружје за војниците и доволно подготвени регрути во моментот за да се зголеми бројот на руските вооружени сили на 500.000 до крајот на годината.
– Зошто ни е потребна мобилизација? Денеска нема потреба од мобилизација – одговори тој.
Потоа тој даде информација за тоа колку војници моментално има на фронтот:
– Линијата на фронтот е долга преку 2.000 километри. Таму има 617.000 луѓе во зоната на конфликтот.
Путин, исто така, тврдеше дека воената помош за Украина од запад пресушува и дека земјата наскоро ќе остане без странско оружје за да се спротивстави на руската инвазија.
– Украина не произведува речиси ништо, сè доаѓа од запад, но слободните работи ќе ги снема еден ден и се чини дека тоа веќе се случува – вели тој.
Путин изјави дека е отворен за поправка на односите со Европа и САД, но исто така рече дека Русија не направила ништо лошо во нејзината инвазија на Украина и ги обвини Западот за „расипување на односите“ со Русија.
– Не ги уништивме односите со западот. Тие ги уништија односите со нас и секогаш се обидуваа да нѐ туркаат на второ или трето место игнорирајќи ги нашите интереси – изјави рускиот претседател и направи долго излагање за тоа како Кремљ гледа на историјата на Украина.
Во еден момент, раскажувајќи ја историјата на украинската револуција во 2014 година, тој рече дека „тие не ни оставија избор во нашите постапки“.
Тој, исто така, понуди пофалби за унгарскиот лидер Виктор Орбан и популистичкиот премиер на Словачка, Роберт Фицо. Орбан особено ја прекина помошта од ЕУ за Украина додека го притиска Брисел да ослободи милијарди евра помош запрена поради загриженоста за владеењето на правото.
– Тие не се про-руски политичари. Тие се про-националисти.
Осудувајќи го „империјалистичкото“ однесување на Соединетите Американски Држави, тој рече:
– Ние сме подготвени да договориме односи со нив… Мислиме дека САД се важна, потребна земја во светот. Но, нивната империјална политика ги попречува во тоа.