АКО СЕ ДОКАЖЕ ДЕКА СЕ ВИНОВНИ, НЕКА БИДАТ НАЈСТРОГО КАЗНЕТИ! Се јави политичката партија Десна, чиј лидер е бегалецот Палевски
Политичката партија Десна, за своите членови и претседателот на партијата, доколку се докаже дека се виновни, бара да бидат најстрого казнети. Во меѓувреме, апелираме да се почитува уставно загарантираната презумпција на невиност на осомничените и обвинетите, додека не се докаже спротивното, соопшти партијата.
Во соопштение за јавноста, политичката партија Десна чиј основач и претседател е осомничениот за убиство Љупчо Палевски-Палчо, изразува најдлабоко и најискрено за загубата на два човечки живота, младата Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.
Во партиското соопштение е наведено: