ГРАДСКИ АВТОБУС ВО БЕЛГРАД СЕ РАСПАДНА ВО ВОЗЕЊЕ Се подели на половина, „хармониката“ не издржа
За среќа, во инцидентот нема повредени, јавуваат српските медиуми.
Во Белград, Србија, автобус на градското сообраќајно претпријатие ГСП буквално се подели на половина во возење, пишува Блиц.
Се работи за голем, зглобен автобус, а пукнала таканаречената хармоника, па градскиот автобус се поделил на два дела.
Од ГСП потврдија дека се работи за возило од нивниот возен парк, а сѐ се случило пред Машинскиот факултет, среде возење.
Во несреќата нема повредени.