„НА БУГАРИТЕ ИМ Е КРИВО ЗАШТО СРБИТЕ СЕ МНОГУ ПОПОПУЛАРНИ ОД НИВ ВО МАКЕДОНИЈА“ Вучиќ се пофали за добрите односи со Скопје
Српскиот претеседател вели дека многу му се допаѓаат македонските вина но оти не сака да издвои кое вино и од која винарија му е омилено.
Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека ги подобриле односите со сите соседи освен со Хрватска и дека историско најдобри односи имаат со Македонија.
– Бугарите ни замеруваат што ние сме многу популарни од нив во Македонија. Што да правам јас. Со Хрватска ќе имаме подобри односи во иднина кога ќе сфатат дека Јасеновац е срамота и нешто што треба да се заборави. Со Албанија имаме добри, пристојни односи со оглед на прашањето за Косово и Метохија кое тие го викаат само Косово – рече Вучиќ во синоќешната емисија „Хит твит“.
Тој додаде дека многу му се допаѓаат македонските вина но оти не сака да издвои кое вино и од која винарија му е омилено.