СНЕЖНОТО НЕВРЕМЕ ГО ЗАТРУПА РЕГИОНОТ Во Србија се вклучи војската, две лица загинаа во Бугарија, едно во Молдавија

1,098

Половина метар снег има на ридовите во Централна и во Западна Србија, а невремето предизвика вонредна состојба во Сјеница и Нова Варош. Војската се вклучи во справувањето со ситуацијата. Гранки и дрвја паѓаат врз далноводите. Најмногу дефекти има на потегот од Ивањица до Нов Варош.

Телото на седумдесетгодишен старец беше пронајдено пред викендица во селото Бели води во Голија. Тој е целосно затрупан со снег и се претпоставува дека причината за смртта е смрзнување.






Истовремено, снегот ги зафати и Бугарија, Романија и Молдавија. Загинаа три лица, две лицаво Бугарија, а едно во Молдавија. Стотици населени места останаа без струја во Бугарија.

Бугарија денеска прогласи вонредна состојба во поголемиот дел од земјата, а силниот снег и снежната бура доведоа до прекин на електричната енергија во некои делови, главно на североистокот на Бугарија. Станува збор за 1.000 домаќинства, рече премиерот Николај Денков.

 

 

 

 

Поврзани содржини