📽 „ЛА, ЛА, ЛА, ЛА, ЛА, ЛА…“ Коментаторот во транс по мајсторијата на Кристијано Роналдо

Сезонава Роналдо е автор на 15 гола во саудискиот шампионат и е лидер во листата на стрелци, пред Митровиќ кој има пет помалку.

523

Екипата на Ал-Наср победи на домашен терен против Ал-Ахдуд со 3-0 во 14 коло од шампионатот на Саудиска Арабија.

Еден гол во првиот и два гола во вториот дел беа доволни за нова домашна победа на тимот за кој настапува Кристијано Роналдо. Токму Португалецот ги постигна двата гола во вториот дел, а посебно внимание привлече неговиот втор погодок.






Во 80 минута гостинскиот голман направи голема грешка далеку од својот казнен простор, но беше потребен перфектен удар за постигнување на гол. Токму тоа го направи Кристијано Роналдо, а арапскиот коментатор целосно се загуби чекајќи го исходот од ударот на португалскиот ас.

Сезонава Роналдо е автор на 15 гола во саудискиот шампионат и е лидер во листата на стрелци, пред Митровиќ кој има пет помалку.

 

Поврзани содржини