📸 КОЈ РЕЧЕ ДЕКА СЕ МРЗЛИВИ? Црногорци копале тунел за да украдат очила за сонце!
Ако не беше смешно, ќе беше тажно. Веројатно крадците ја искористиле тактиката да изгледаат како нешто наместо ништо и нашле инспирација за нивниот грабеж. Полесно им беше да работат и да заработат, отколку да го ископаат тој тунел, раскажува Бојан П. од Подгорица за порталот Рина.
Уште една филмска кражба ја изненади јавноста во Црна Гора. Откако во септември изби скандалот со тунелот под зградата на Високиот суд кога беа крадени докази и пиштоли, сега се случи кражба на Римскиот плоштад во Подгорица. Крадците ископале тунел до продавница за оптика и одзеле над 200 парчиња очила за сонце.
– Ако не беше смешно, ќе беше тажно. Веројатно крадците ја искористиле тактиката да изгледаат како нешто наместо ништо и нашле инспирација за нивниот грабеж. Полесно им беше да работат и да заработат, отколку да го ископаат тој тунел – раскажува Бојан П. од Подгорица за порталот Рина.
Тунелот бил ископан од соседната продавница. Истрагата на институциите е во тек.
црна