РАЗРЕШЕНА ОБВИНИТЕЛКАТА ВИЛМА РУСКОВСКА Советот на Јавното обвинителство гласаше едногласно

Пред речиси една и пол година, против неа и против уште две нејзини колешки беше поведена дисциплинска постапка поради претресот во Управата за финансиска полиција.

796

Поранешната шефица на обвинителството за борба против организиран криминал, Вилма Русковска, денеска едногласно разрешена од Советот за јавни обвинители.

Пред речиси една и пол година, против неа и против уште две нејзини колешки беше поведена дисциплинска постапка поради претресот во Управата за финансиска полиција.






Русковска, во периодот до одлука на Советот, беше суспендирана од обвинителската функција, а во обвинителството за борба против организиран криминал ја наследи Ислам Абази.

Постапката следеше откако беше констатирано дека обвинителките Русковска и Трајчева, но и Елизабета Јосифовска сториле законски повреди во постапката за истрагата и упадот во финансиската полиција тогаш предводена од Арафат Муареми којшто, пак, потоа си поднесе оставка.

Поврзани содржини