ДЕСЕТМИНА ПОВРЕДЕНИ ВО ЕКСПЛОЗИЈА НА КОСОВО Активирана рачна граната на сточен пазар во Призрен
Полицијата уапсила едно осомничено лице за експлозијата, а се трага по уште двајца.
Десет лица се повредени во експлозија на рачна граната која взори избувнала на сточен пазар во Призрен на Косово, пишува косовски Телеграф. Петмина од повреденитеа се префрлени во Регионалната болница со повреди на вратот и на екстремитетите, потврдил Хекуран Вечгишти, шефот на одделението за итна помош.
Во меѓувреме, началникот на итната помош, Насер Сила, за Телеграф изјавил дека здравствената состојба на повредените е стабилна.
Полицијата уапсила едно осомничено лице за експлозијата, а се трага по уште двајца.
Причините за експлозијата уште не се разјаснети.