📽 ЛЕВИЦА ПАК ДЕМОЛИРАШЕ ВО СОБРАНИЕТО Џафери спречи физичка пресметка меѓу пратениците Зибери и Крмов
Прекинете ја седницата пред да ескалира, нема деловнички услови да се отвори точката. А ова пудлициве од ВМРО-ДПМНЕ кои тука седат, тие се тие кои ова го договорија, сите им се лижат мислејќи влада ќе прават, дури и ДУИ. Не знам зошто да се произнесам затоа што немам материјал. Кој е тој амандман бидејќи се 2.500 – истакна Апасиев.
Претседателот на Собранието, Талат Џафери го спречи пратеникот Арбен Зибери кој тргна физички да се пресмета со Борис Крмов кој повторно фрлаше амандмани врз потпретседателот Горан Мисовски. Новиот инцидент се случи откако Мисовски ја продолжи седницата по инцидентот во кој пратениците на Левица, Крмов и Апасиев го искршија мониторот на спикерот и го гаѓаа со амандманите кои не им беа прифатени, седницата продолжи, а двајцата пратеници повторно побараа да се прекине седницата.
– Не можете амандмани кои вас ви одговараат, 12, а немате образложение. Прекинете ја седницата пред да ескалира, нема деловнички услови да се отвори точката. А ова пудлициве од ВМРО-ДПМНЕ кои тука седат, тие се тие кои ова го договорија, сите им се лижат мислејќи влада ќе прават, дури и ДУИ. Не знам зошто да се произнесам затоа што немам материјал. Кој е тој амандман бидејќи се 2.500 – истакна Апасиев.
Крмов повторно се јави за процедурално и искршениот монитор го фрли на земја.
– Прекинете ја седницата, додека се случува ова, не може да има седница. Ова значи дека секоја следна Влада ќе може што сака да прави. Прекинете ја, ескалиравме на опремата, не сме избрани да молчиме, не сме избрани за посрани привилегии кои ги имаме пратеници, туку да ги штитиме интересите на овој народ – рече Крмов по што му ја одзеде картичката на Мисовски со која тој може да зборува преку микрофон.
– Што е ова бе, вака ли ќе се носат закони, ова да не се повторел црн петок, 27 април. Испаѓа дека со вас нема разбирање. Ајде тепајте ме. Не ми даваш ти право, народот ми дава право. Ајде, ќе ескалираме – додаде Крмов.
Откако Мисоски одлучи да ја прекине седницата, Крмов се качи на пултот каде што седи претседателот и тогаш пратеникот Арбен Зибери тргна физички да нападне, но за среќа тука беше претседателот на Собранието Талат Џафери па тој го спречи.
По инцидентот кој се случи во македонското собрание, партијата Левица преку соопштение на Фејсбук истакна дека со сите сили ќе спречат шверцерат!
„ЛЕВИЦА СО СИТЕ СИЛИ СПРЕЧУВА ШВЕРЦЕРАТ ВО СОБРАНИЕ! На собраниската седница, двајцата пратеници на #Левица со фрлање на амандмани ја прекинаа седницата со пола час пауза! Широката коалиција СДС-ДУИ-ДПМНЕ насилничнички и неделовнички ги одби амандманите на Левица. Единствената опозиција во Собранието ДЕНЕС физички ќе ја брани македонската демократија од трите квинслишки партии!“, пишува во соопштението на паријата.