ПРЕКИНЕТЕ ГИ ВРСКИТЕ СО ИЗРАЕЛ Иранскиот врховен водач ги повика муслиманските земји

Муслиманските земји на самитот на членките на Организацијата за исламска соработка и Арапската лига, не се согласија да воведат строги санкции кон Израел, како што беше побарано претходно од иранскиот претседател Ебрахим Раиси.

185

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хаменеи денеска ги повика муслиманските земји да ги прекинат политичките врски со Израел, барем на ограничено време, објави новинската агенција Тасним. Овој повик од ајатолахот за прекинување на политичките врски, доаѓа неколку недели откако претходно повика на исламско ембарго за нафта и храна за Израел поради конфликтот со Хесболах.

За време на самитот на членките на Организацијата за исламска соработка и Арапската лига, што се одржа на 11 ноември во главниот град на Саудиска Арабија, муслиманските земји не се согласија да воведат строги санкции кон Израел, што беше побарано од иранскиот претседател Ебрахим Раиси, пишува Ројтерс.

Поврзани содржини