15-ГОДИШНИОТ КАДИРОВ „ЏУНИОР“ ГИ ПРЕЗЕМА СЛУЖБИТЕ „Тој има богато искуство“
Пред еден месец Адам беше прогласен за херој на Чеченија бидејќи го претепа Никита Журавел, кој беше уапсен поради палење на Куранот.
Адам Кадиров, синот на шефот на Чеченија Рамзан Кадиров, е назначен за шеф на службата за безбедност на оваа руска република, иако има само 15 години. Од службата велат дека Адам има богато искуство за оваа позиција.
Пред еден месец Адам беше прогласен за херој на Чеченија бидејќи го претепа 19-годишниот затвореник Никита Журавел, кој во мај беше уапсен во Волгоград поради палење на Куранот.
Исто така шефот на Карачај-Черкезија, Рашид Темрезов, неодамна го прими 15-годишникот и го одликуваше со воено признание.