„КОЈ НЕ ЈА ЗНАЕ, СКАПО ЈА ПЛАЌА“ Трајко Славески го коментира изборот на Данела Арсовска во Глобалниот парламент на градоначалници

Некаков си Глобален парламент за градоначалници, во кој Данела Арсовска била избрана за член на Управен одбор, треба да објасни што очекува од жената која осум месеци не се појавила на седница на Управен одбор на ЗЕЛС - напиша Трајко Славески.

1,190

Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески со статус на социјалните мрежи ја коментираше веста дека градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска е изрбана за членка на Управниот одбор на Глобалниот парламент на градоначалници.

„Некаков си Глобален парламент за градоначалници, во кој Данела Арсовска била избрана за член на Управен одбор, треба да објасни што очекува од жената која осум месеци не се појавила на седница на Управен одбор на ЗЕЛС, чиј претседател беше се до нејзината смена“ – напиша Славески на Твитер.






Претседателот на Советот на Град Скопје упати и дополнителна критика за работата на Арсовска како градоначалничка на Скопје.

„Го суреди градот, сега ќе го средувала “глобалното село”. Тоа што дамата тука кај нас дома е на лош глас може да се објасни со изреката дека “Никој не е светец во сопственото село”. Сепак, кој не ја знае, скапо ја плаќа!“ – напиша Славески.

Поврзани содржини