ВЛАДАТА БОЖЕМ ДЕМАНТИРА, А ГИ КРИЕ ЦЕНИТЕ ВО ВЛАДИНИОТ РЕСТОРАН Признава само дека тие се пониски од комерцијалните

Службата работи на принцип на рамковни годишни набавки и маржа од 15% со одлука на Влада, и притоа е месечен даночен обврзник, што резултира со конкретни цени кои секако се различни и пониски од оние кои се во комерцијалните ресторани – вели Службата за општи и заеднички работи.

788

Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Северна Македонија најостро ги осудува, како што ги нарекува, лажните информации кои се пласираат во јавноста поврзани со цените во рестораните во државните институции, но притоа не дава ниту еден пример дека цените од менито што беше објавено во јавноста не се точни.

СОЗР само вели дека „се пласираат невистинити информации дека СОЗР овозможува богато и евтино мени за функционерите“ и признава само дека цените во владиниот ресторан „секако се различни и пониски од оние кои се во комерцијалните ресторани“, но не прецизира колкави се.






Ја информираме јавноста дека во бифето од ресторанот се опслужуваат 250 вработени во Владата покрај функционерите, а во Собранието бифето го користат сите пратеници, вработени во службите, како и медиумските работници кои се на извршување на работни задачи во законодавниот дом. Тоа значи дека цените во рестораните на државните институции, не важат само за функционерите, туку и за пратениците, службите, сите вработени итн.

Службата работи на принцип на рамковни годишни набавки и маржа од 15% со одлука на Влада, и притоа е месечен даночен обврзник, што резултира со конкретни цени кои секако се различни и пониски од оние кои се во комерцијалните ресторани.

Прашањето на разликата во цените во ресторани кои ги опслужуваат државните институции и цените во комерцијалните ресторани кои ги плаќаат граѓаните не е прашање на привилегија, туку е прашање на одговорно работење и практики кои ги употребува Службата преку кои што се држат трошоците на институциите под контрола. Во оваа насока, посочуваме дека за разлика од енормните трошоци и милионските суми кои ги трошеше Владата на ВМРО-ДПМНЕ во овој сегмент, сега преку овие воведени практики на одговорно работење, се сведени на минимум. Сите државни институции трошат разумно и своите потреби ги задоволуваат во рамки на државните ресторани, што во крајна линија значи заштеда и одговорно менаџирање на буџетските средства“ – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини