СКАНДАЛОЗЕН НАПАД НА Д-Р ЈОВЕВ ВРЗ ВРАБОТЕН НА КЛИНИКАТА ЗА КАРДИОХИРУРГИЈА Кој е нападнатиот?

Не е јасно дали двете снимки имаат врска со стариот конфликт меѓу д-р Сашко Јовев и д-р Марјан Шокаровски и дали на снимките испратени од непозната и-мејл адреса е документиран нов немил настан на Клиниката.

2,267

Снимки од скандалозен физички напад на д-р Сашко Јовев врз вработен во Клиниката за кардиохирургија се доставени до медиумите од непозната и-мејл адреса.

Во дел од медиумите се тврди дека поранешниот директор д-р Јовев го турка в ќош својот наследник д-р Марјан Шокаровски, па во еден момент му удира и шлаканица.






Слободен печат, пак, тврди дека нападнатиот е физиотерапевт, а не д-р Шокаровски.

Минатиот месец на Клиниката за кардиохирургија дојде до вербална расправија меѓу д-р Јовев и д-р Шокаровски. МВР утврдило дека Јовев нападнал друг вработен во болницата.

Како и да е, грди слики од Клиниката за кардиохирургија.

Во врска со пријавите од 18.09.2023 за физички напад во Државната кардиохирургија во Скопје МВР денеска соопшти дека во консултација со јавен обвинител преземени се сите неопходни мерки за расчистување на случајот.

„Извршен е службен разговор со лицата, земени се и изјави од очевидци, а прибавени се и снимките од видео надзорот. Притоа, дополнително е утврдено дека во Одделот за интензивна нега С.Ј. физички нападнал друг вработен во болницата. По извршени консултации со дежурен јавен обвинител, добиени се насоки настанот да се води по ЗПП ЈРМ, бидејќи нема елементи и обележја на кривично дело кое се гони по службена должност. Против С.Ј. ќе биде поднесен соодветен поднесок, а по насоки на ЈО за целокупниот настан ќе биде испратено известување до ОЈО Скопје“, соопшти МВР.

 

Поврзани содржини