СТОЈАНЧЕ СО ГРАНКА В РАКА И ШИШЕ ВОДА ГАСЕШЕ ШУМСКИ ПОЖАР Директорот Ангелов повторно во акција
Чувството кога знаеш дека со обична гранка си спасил најмалку десетина стари борови високи по 15-тина метри вреди повеќе од однапред пресметаниот ризик на можни исмејувања во коментар, напиша Ангелов.
На социјалните мрежи се појави видео од директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов на кое може да се види како тој со гранка и со шише половина литар вода се обидува да изгаси шумски пожар.
Снимката веднаш стана вирална и енормно се зголеми бројот на споделувања на Фејсбук.
„Во Македонија има работа за тој што сакат да работит – Поздрав до братот Стојанче“, пишува во споделената објава на Фејсбук.
Дури и самиот Ангелов исто видео го постави на својот Фејсбук профил и напиша дека е горд што можел да помогне при гасењето на пожарот.
„Чувството кога знаеш дека со обична гранка си спасил најмалку десетина стари борови високи по 15-тина метри вреди повеќе од однапред пресметаниот ризик на можни исмејувања во коментар. Чиста совест, зелен бор, не ми е гајле за навредлив одговор – пишува со насмевка Ангелов.